Изворите на Треска сена Еловечка река на источната страна на планината Стогово и Беличка река од северните падини наИлинска планина. Текот на Треска започнува кај селото Другово, Кичевско, кај што се составуваат овие два крака. По својот тек низ кичевскиот крај реката се нарекува Голема Река, а низ Поречието усвоено име е Велика Река. Треска се нарекува од селото Здуње на течението кон Скопје. По течението од Здуње до Скопската котлина во должина од 28 км, Треска тече низ стрмен кањон во кој се наоѓа вештачкото езеро Козјак, формирано со браната изградена во 2005. година. На самиот влез во Скопската Котлина, се наоѓа и вештачкото езеро Матка создадено со браната подигната уште во 1937. година. Треска се влева во Вардар во Ѓорче Петров крај Скопје.



Кај Матка се наоѓаат и два манастири: Свети Андреја и Свети Никола Шишевски изградени во XIV век.

Квалитетот на водата на Треска на самиот извор не е битно променет десетина години наназад, и ги има сите карактеристики на вода од I класа и повремено од II класа. Бараниот квалитет на вода, согласно законските прописи, во целост е задоволен.