Сведокот Гоце Трајковски денеска нема да сведочи за убиствата на Вања и Панче

Денеска, иако беше најавено, нема да се врши распит на сведокот на обвинителството Гоце Трајковски, соопштија од Јавното обвинителство.



Трајковски беше во бегство поради истрага за друг кривичен настан, а минатиот четврток сам ѝ се предаде на полицијата.

Обвинителството ќе продолжи да ги изведува снимките како доказ. Доколку заврши со изведувањето на овие докази, после рочиштето јавната обвинителка ќе даде изјава. Меѓутоа, бидејќи има најави дека еден од обвинетите сака да се произнесе во однос на барање за изземање, доколку тоа потрае и денеска не заврши изведувањето на снимките, изјавата ќе биде поместена за следното рочиште односно по целосното изведување на снимките како доказ“, велат од Јавното обвинителство.

Полицијата подолг период го бараше Трајковски кој е осомничен за подметнување на пожар во кафуле во скопската населба Кисела Вода.

Трајковски треба да сведочи како доаѓал до снимките од безбедносните камери во случајот со киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и како грабнувањето на Вања го поврзал со исчезнувањето на Панче Жежовски кој беше убиен неколку дена пред малолетната Вања.

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче