Кралот на Саудиска Арабија, Салман со декрет им дозволи на жените да возат автомобили, што претставува уревање на една од бариерите со кои се соочуваат припадничките од понежниот пол во оваа земја. Ова треба да стапи во сила до јуни следната година, објави агенцијата на Саудиска влада СПА.



Британските медиуми, на шега велат дека ова исламско кралство го загубила непопуларниот статус на единствена земја во светот каде што на жените им било забрането да возат автомобил.