Само десетина македонски граѓани со бугарска самосвест денеска учестуваа на панихидата во чест на Мара Бунева. Не беа расположени да говорат пред камерите, само кратко кажаа дека сакале да влезат во Уставот, пренесува ТВ Алфа.
-Македонија си е држава, меѓутоа има и македонски Бугари… Епа тоа, месните ние овде што се собираме, тоа сме си македонски Бугари, кога ќе не еден ден стават во Уставот, се ќе си дојде на свое место… Па очекуваме, не дај Боже да не биде… Скоро време, тоа е природен процес, мора да биде тоа така, само ние не сме во Уставот, вели еден македонски Бугарин.
За чествувањето на Мара Бунева… Што ќе кажеме, се обратно прават, порача еден од учесниците
Иако имаше само десетина граѓани, настанот во друго светло се обиде да го претстави првиот човек на Фондација Македонија од Софија, Виктор Стојанов. Тој има забрана за влез во Македонија, но на социјалните мрежи порача дека и покрај студот и снегот, македонските Бугари се собрале да дадат почит за Мара Бунева.
За разлика од претходните години кога и бугарските политичари доаѓаа во Скопје за овој настан, оваа година немаше ниту еден. Го немаше ниту лидерот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, кој пред само неколку дена побара припојување на Македонија кон Бугарија.
Извор: https://alfa.mk/poveke-policzija-otkolku-makedonski-bugari-samo-desetina-luge-se-sobraa-vo-chest-na-mara-buneva/





