Дали швајцарски села навистина плаќаат да се преселите таму?
Швајцарското село Албинен има огромен проблем со населението и тоа е примамлив мотив во кампањата во која се бараат странци кои би сакале да се преселат во идиличното место, опкружени со звукот од ѕвончиња од крави и со спектакуларен поглед.
И згора на се за тоа може да ви биде платено!
Идејата звучи апсурдно за луѓето од земјите каде со просечно платениот народ води борба да купи или со години да го сочува сопствениот дом, пишува Би-би-си.
Но, и покрај тоа, ваквите понуди за преселба постојано се појавуваат во Швајцарија и Италија.
Македонски граѓани покажаа интерес за ова, покажуваат постовите на оваа тема на социјалните мрежи.
Албинен, убава планинска енклава со поглед на долината на реката Рона, денес ќе одлучи дали ќе им плати по 25.000 швајцарски франци (25.445 долари) за возрасни и по 10.000 швајцарски франци за дете, доколку се решат да купат или да изградат куќа таму.
94 луѓе веќе го потпишале првичниот договор.
Но, заинтересираните мора да се согласат да живеат во селото 10 години и да бидат на возраст под 45 години.
Тие исто така мора да изградат или да купат куќа во вредност од најмалку 200.000 швајцарски франци (170.000 евра), но да немаат и втор дом. Странците мора да имаат обезбедена дозвола за постојано населување во Швајцарија.
Дали овие ветувања се само начин да се подигне интересот на туристите, прашува Би-би-си.




