Грижата за лицето е грижа за вашето здравје. Ако лицето не добива доволно витамини од храната што ја внесувате, тогаш нема да изгледа убаво. Од вас зависи изборот на храна за убава и здрава кожа на лицето. Еве неколку примери кои покрај другото, ќе ви послужат и за одржување на витка линија на телото.
-Морска храна за нежна и чиста кожа, покрај придобивките за Вашето здравје. Зголеменото ниво на омега 3 ја редуцира дехидрираноста и сувоста на кожата, а меѓу другото ги чисти артериите околу срцето. Како резултат на внесувањето, Вашата кожа ќе биде нежна и сјајна.

-Кафе и чај, дури по една шолја дневно може да го намали ризикот од рак на кожа. Кофеинот воглавно ги уништува уништените ќелии на кожата.
-Цитрон за затегната кожа, поради активниот Ц витамин што го содржи. Како редовна состојка во кремите за лице, продуцира колаген – протеинот кој ја формира основната структура на кожата. Цитронот, портокалот, црешите, лимонот и грозјето имаат исто дејство.
-Соино млеко кое го зачувува колагенот и ги намалува брчките, каде меѓу другото ја одржува кожата здрава и со младешки изглед.
-Црвен зеленчук за мека и чиста кожа на лицето. Домати и моркови се препораката за внесување на бета-каротин, кој подоцна телото го конвентира во витамин А, за анти-оксидантско дејство. Истото превенира појава на акни.
-Зелен зеленчук, за сјај на кожата поради витаминот А. Овој витамин создава нови ќелии и се ослободува од старите, така што својството на пилинг кое резултира со млада и сјајна кожа се случува од внатре.

-Јаткасто овошје кое ја одржува младоста на кожата, особено бадемите. Витаминот Е го забавува стареењето и штити од штетните сончеви зраци. Може да го додавате во овошни салати или да го внесувате како аперитив.





