Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишникот кој планирал напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена. Тоа е Беран А. од Терниц, пренесе Index.hr.
Полицијата соопшти дека за време на сослушувањето тој не покажал знаци на каење и рекол дека сакал „да ги убие неверниците во Виена“.
Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“.
Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот.
Имал функционани експлозивни направи во својот дом во Терниц во источна Австрија. Во неговиот дом полицијата пронашла и бројни хемиски супстанци и технички средства.
Тој наводно планирал со автомобил да влета во 20.000 фанови кои ќе стојат пред стадионот Ернст Хапел за време на концертот на американската мегаџвезда Тејлор Свифт, а потоа да ги нападне со мачети и ножеви.
Пријателите на 19-годишниот главен осомничен наводно биле ангажирани како обезбедувачи на концертот.
Вториот уапсен е 17-годишник со турско-хрватски корени, кој веќе и бил познат на државната безбедност.
Тој неколку дена бил вработен во фирма за објекти која во требало да врши услуги на стадионот, како што се снабдување со храна и пијалоци.






