Руската компанија за оружје Freshvale, регистрирана во Софија, продава борбени дронови и оружје на Русија и покрај воведените санкции, соопшти Министерството за финансии на САД, пренесе news.bg.



Компанијата пласирала руски беспилотни летала со офанзивни способности, како што се вооружени системи и проектили, во една африканска земја.

Според бугарскиот трговски регистар, сопственик е австрискиот државјанин Ариел Исраилов.

Компанијата е регистрирана во Софија во 2018 година со капитал од 2 лева.

Дмитриј Романов, руски државјанин кој живее во Бугарија, раководи со Одделот за развој на бизнисот.

САД во списоците за санкции вклучи повеќе од 300 руски компании и поединци, вклучувајќи ја и Московската берза, како и нивните партнери и компании во Кина, Хонг Конг, Турција, Обединетите Арапски Емирати и други земји.

Ова го соопштија во средата од Министерството за финансии и американскиот Стејт департмент, во пресрет на самитот на Г-7, кој оваа недела ќе се одржи во Италија.