Соединети Американски Држави ќе го намалат својот придонес во буџетот на Обединети нации за 285 милиони долари во фискалната 2018-19 година, најави американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.
„Неефикасноста и претераното трошење на Обединети нации се добро познати. Повеќе нема да дозволиме да се искористува великодушноста на американскиот народ или трошењето да биде неконтролирано“, изјавi Хејли.
Хејли го нарече ова „историска одлука“ и „голем чекор во добар правец“.
Ваквата одлука на САД доаѓа само неколку дена откако Генерално собрание на ОН со огромно мнозинство од 128:9 гласови и 35 воздржани донесе резолуција со која ја осудува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го прогласи Ерусалим за главен град на Израел и најавата за преселба на амбасадата во „светиот град“.
Против САД гласаше и Македонија.





