Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел соопшти дека „Украина ќе стане 33-та или 34-та членка на НАТО, која во моментов има 32 членки“.
„Во моментов се чини дека Украина ќе влезе како 33-та членка, но пред неа може да влезе некој друг. Но, Украина во иднина ќе биде членка на НАТО.
Така решивме во Вашингтон“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Го поддржуваме планот за победа на Украина и членството во НАТО, планот за победа на Украина и нејзиното идно членство во НАТО“, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.
Тој истакна дека Планот за победа ќе биде разгледан на вечерашната средба во Брисел.
„Украина е на неповратен пат кон полноправно членство во НАТО, што е многу важно. Имаме многу да научиме од Украина кога станува збор за одбранбените иновации. Украина, исто така, има силни вооружени сили“, рече тој.





