Руски готвач кој живеел во Франција 14 години е уапсен под сомнение дека планирал заговор со странска сила за „дестабилизација“ за време на Олимписките игри во Париз.



Четириесетгодишниот маж бил уапсен за време на рацијата во неговиот стан во центарот на Париз во неделата, каде наводно бил пронајден документ поврзан со елитната единица на руските специјални сили што дејствувала под команда на ФСБ, наследник на КГБ, пишува Гардијан

Отворена е судска истрага за наводите за споделување „разузнавачки информации со странска сила со цел да се предизвикаат непријателства во Франција“, кривично дело казниво со 30 години затвор. Се верува дека наводниот заговор не е поврзан со тероризам.

Уапсениот, кој не е именуван, истиот ден беше обвинет по ова обвинение и беше ставен во истражен притвор.

Церемонија на отворање на ОИ Париз 2024 година ќе се одржи на брегот на Сена во петок навечер но долго време постои загриженост дека Русија може да се обиде да се меша во настаните.