Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од ТАСС, откако САД објавија дека Русија преку агенците РТ, РИА и Спутник се мешаат во америкаските избори
Тој нагласи дека ова не е прв пат Вашингтон да упатува вакви обвинувања кон Москва. Според него, овие изјави не одговараат на вистината.
Песков ги коментираше американските санкции против неколку руски медиуми.
Нашите медиуми си ја вршат работата. Тие само известуваат. Ја известуваат вистината, но за жал, на Американците не им се допаѓа непријатната вистина и доколку излезе на виделина, веднаш и возвраќаат. Тоа е реалноста, истакна тој.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември, а наместо Џо Бајден да се соочи со Доналд Трамп во битка за функцијата, актуелниот претседател најави дека се повлекува од трката.
Демократската партија ја номинираше неговата заменичка Камала Харис за свој кандидат на изборите.






