Продолжен е притворот на основачот на платформата Телеграм, роден во Русија, Павел Дуров, по неговото апсење на аеродромот во Париз поради наводни прекршоци поврзани со негов ата апликација за пораки, пишува Телеграм.
Притворот на 39-годишниот Дуров му бил продолжен по неделата вечерта а овој почетен период на притвор за испрашување може да трае најмногу до 96 часа.
Кога ќе заврши оваа фаза на притвор, судијата може да одлучи да го ослободи или да поднесе обвинение и да му одреди дополнителен притвор.
Француските истражители издадоа налог за апсење на Дуров како дел од истрагата за наводите за измама, трговија со дрога, организиран криминал, промовирање тероризам и сајбер-малтретирање.
Дуров е обвинет дека не презел акција за спречување на криминалната употреба на неговата платформа и бил запрен по пристигнувањето во Париз од Баку, со својот приватен авион во саботата вечерта.
Инаку, Дуров, еден од најбогатите луѓе на светот,чие богаство се проценува на 12 милијарди фунти, иако е роден во Русија,
Дуров не живее таму од инвазијата на Владимир Путин на Украина на Крим и Донбас во 2014 година.
Тој постојано ја отфрла руската инвазија и претходно тврдеше дека бил принуден да ја напушти Русија поради притисокот од Кремљ.
Во интервју за TechCrunch во 2014 година, Дуров изјави: „Немам никаков бизнис во Русија и не планирам да се вратам таму. Повеќе немам руско државјанство“.
Седиштето на неговата социјална мрежа „Телеграм“, што ја основаше во 2013 година е во Дубаи, каде што живее.
Дуров има и Француско и државјанство на ОАЕ па според упатените, паѓаат во вода сите шпекулации дека тој е уапсен поради одмазда кон Русија.






