Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска го ќе го врачи првиот мандат за формирање влада.
ГЕРБ-СДС ќе го добие мандатот како најголема пратеничка група.
Претседателот Радев пред врачувањето на првиот мандат ги одржа задолжителните консултации со сите пратенички групи во 50. Народно собрание.
Од одржаните консултации се покажа дека нема расположемие и можност за формирање стабилна влада.
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов изјави дека партијата ќе понуди малцинска влада.
Според него формацијата е прва политичка сила и ќе биде одговорна за предлагање на кабинет со премиер, министер за одбрана и министер за надворешни работи.
Според него, нема начин да се состави друга влада освен со првиот мандат.





