Државниот секретар Марко Рубио во понеделникот рече дека Украина ќе мора да направи отстапки за територијата што Русија ја презеде од 2014 година како дел од каков било договор за ставање крај на војната, јави Њујорк Тајмс
Рубио ова го изјави на пат за Џеда, Саудиска Арабија, на разговори со високи украински претставници, и 10 дена по спорниот состанок во Белата куќа меѓу претседателот Трамп и неговиот украински колега, Володимир Зеленски.
„Најважното нешто со кое мораме да заминеме од овде е силно чувство дека Украина е подготвена да прави тешки отстапки, како што Русите ќе мора да направат тешки работи за да го прекинат овој конфликт или барем да го паузираат на некој начин, облик или форма“, рече Рубио.
„Мислам дека двете страни треба да постигнат разбирање дека нема воено решение за оваа ситуација“,рече шефот на американската дипломатија.
„Русите не можат да ја освојат цела Украина, и очигледно ќе биде многу тешко за Украина во кој било разумен временски период да ги принуди Русите да се вратат до крај каде што беа во 2014 година“.
Рубио додаде дека ќе биде императив во идните разговори со Москва да се утврди што Русија е подготвена да отстапи.






