Според повеќе извори најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо побарал од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез да биде продаден следното лето. Португалецот за да се реализира неговото заминување, само бара отштетата подигната на неверојатни 400 милиони евра да биде намалена на реална сума. Тоа според медиумите треба да биде некаде околу 150 можеби до 200 милиони евра. Според се патиштата на Роналдо потоа ќе водат во Париз кај ПСЖ.