Стефан Ристовски и Динамо Загреб ја зачуваа предноста од првиот натпревар со Бетис, кој го совладаа со 1:0 во Шпанија, па и ремито 1:1 на „Максимир“ им беше доволно за пласман во осминафиналето на Лигата на конференциите на УЕФА.
Десниот бек и поранешен капитен на фудбалската репрезентација на Македонија го одигра целиот реванш, во кој гостите поведоа преку Конгоанецот Седрик Бакамбу во 38. минута, а за хрватскиот првак израмни Јапонецот Такуро Канеко во 59. минута.





