Ристова – Астеруд открива зошто Хантингтон е во право за Македонија на линијата на глобален судир

Професорката Каролина Астеруд Ристова најавува рубрика во која со примери од македонските социјални мрежи ќе ги потврдува тезите на Семјуел Хантингтон кој во своето монументално дело ,,Судир на цивилизациите” за иднината на светот ја сместува и Македонија ,,на линија на судирот”.



,,Се’ повеќе добивам потврди дека харвардскиот професор Семјуел Хантингтон бил во право за тоа што го пишал за нас во регионов во неговото брилијатно дело “Судирот на цивилизациите и преобликувањето на светскиот поредок” (1996), дефинитивно кога станува збор за нас во Македонија. Ние навистина сме и ќе бидеме на линијата на прекршување. Идентитетските шизофрении од кои си страдаме во однос на нашата припадност на еврозападната цивилизација, како и нашето петоколонашење во корист на нејзините непријатели, а и на своја најдиректна (ма и самоубиствена) штета, се навистина засебна категорија за анализа и адресирање.

Патем, многумина знаат редовно да тртљаат како други држави од Централна и Источна Европа биле примени во ЕУ “со помалку исполнети критериуми од нас” (ахам). Она што уште поредовно забораваат е дека во било од кои тие држави да одиш, одма, ма “со мижење”, знаеш дека си во Европа и на Запад, па макар во нивен посиромашен и понеразвиен дел. Исто така, ве уверувам со сета моја експертиза за тој процес, во ниту еден друг претходен круг на проширување немало земји со ваков тип на културна и (гео)политичка шизофренија кај значаен дел од нејзиното граѓанство во однос на “европскиот идентитет” како критериум за членство.

Поради тоа, решив да воведам нова редовна рубрика на мојот ФБ- ѕид: Змиите што Македонија сака да ги смести во пазувите на еврозападниот дом.

Подолу се првите неколку илустративни примери на коментари по портали за што се’ вирее меѓу нас и каков тоа пакет му подметнуваме на НАТО, а истото сакаме и за во ЕУ, сосе да ни доверат да им чуваме границите”, пишува Ристова Астеруд приложувајќи ги примерите што Македонија ја ставаат контра западната цивилизација.