Последните владини мерки за ограничување на маржите на над 100 групи на производи и замрзнување на цените на основните прехранбени продукти, ќе предизвика намалување на цените до 10 отсто, изјави синоќа Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.
Тој откри дека преку 20 маркети им доставиле на властите предлози за намалување на цените, и сите биле различни.
„За такви намалувања не мора да чекаат одлука на Влада, можеа да го направат тоа самоиницијативно“, рече Ристески.
Тој додаде дека Законот за нефер трговски практики треба да се почитува и да не се изигрува.
„Тој е закон донесен по европска директива, сите партии го гласале што значи дека е многу важен за државата. Кого и да прашате, дали партија или опозиција/позиција ќе ви каже дека основен закон за долгорочно регулирање на пазарот е овој закон“, вели Ристески.
Тој вели да не се изигрува законот затоа што не само што ќе бидат казнети туку го нарушуваат целокупниот процес.





