Познатиот порторикански поп пејач Рики Мартин го побара за брачен другар својот долгогодишен партнер Јосиф Џуан уште во ноември на многу необичен начин, а сега двојката се подготвува венчавка.
“Тој клекна пред мене и место да ме праша, дали ке се омажиш за мене, тој ми рече, ти купив нешто”, вели неговиот парнер Јосиф. Tој секако ја прифатил понудата и свадбата ќе се одржи во Порто Рико од каде потекнува Рики Мартин. Неговиот партнер е од Шведска, а многу од гостите ќе бидат од Сирија бидејќи Јосиф потекнува од оваа земја, па свадбата ќе биде од меѓународен карактер.
Рики е многу возбуден околу подготовките и пред се, за венчавката која ќе се одржи на крајот од јули или почетокот на август.
Двојката инаку се запознала на друштвената мрежа Инстаграм. Јосиф е уметнички колекционер, а младоженците планираат да посвојат девојче од Сирија.



Рики Мартин веќе има две деца, 8. годишните Валентина и Матеа, кои му ги роди сурогат мајка кога тој беше во врска со Карлос Гонзалес Абеље.