Омилениот оброк на сите слоеви население, на многу точки на земјината топка. Многумина се подготвени да гарантираат дека тоа е нивно јадење, дека кај нив е измислено или дека, барем во нивната средина најдобро се подготвува. Но кому е тоа важно. А вие обидете се, нема грешка.
Состојки:
-20 гр сув вргањ
-100 гр шампињони
-80 гр буковка
-2 лажици маслиново масло
-1 главица кромид
-зачин од мајчина душица
-350 гр ориз
-100 мл суво бело вино
-1,2 литар супа од зеленчук
-сол, бибер
-25 гр путер
-40 гр рендан пармезан

Подготовка:
Сувиот вргањ ставете го во студена вода половина час, а потоа добро исцедете го.
Во голема тава згрејте го маслиновото масло, па со повремено мешање пржете го ситно исечканиот кромид додека не омекне. Додајте ги сите видови на печурки, претходно исечени на парчиња и додајте ја мајчината душица, и динстајте три минути.
Додајте го оризот и постојано мешајте за добро да се запржи и да го впие вкусот на печурките. Сипете чаша бело вино и варете уште три минути додека алкохолот не испари, а потоа помалку додавајте ја супата.
Повремено промешајте и оставете го оризот да ја впие целата супа пред да ја ставите целата. Зачинете и гответе на потивок оган. По 20 минути тргнете ја тавата и измешајте го путерот. На крај додајте го ренданиот пармезан.





