Спортскиот документарец „Живеејќи го сонот“ на Македонската радиотелевизија за машката одбојкарска репрезентација на Македонија освои награда на фестивалот во Милано, на која пишува дека филмот е од Република Македонија.



„Шоуто продолжува!

‘Живеејќи го сонот’, спортскиот документарец на МРТ за македонската машка одбојкарска репрезентација, ја освои наградата “Mention D’ Honneour” на 42nd Sport Movies and TV film festival” во Милано, Светското првенство поддржано од Интернационалниот Олимписки Комитет.

Претходно, ова дело беше прогласено за најдобар долгометражен филм на фестивалот во Будва, а за МРТ е четврта награда на четири фестивалски настапи во последните 3 години.

Честитки за сите!

П.С. На наградата пишува ‘Macedonian Radio and Television – Rep of Macedonia’. Тоа е! Кој знае – знае и дипломатија, поинаку кажано, кој сака – ќе научи, ама треба да сака и да му е најважно да ја брани Македонија!!! Ако му се важни други нешта, тој/тие за мене е/се ништо!“, објави на Фејсбук спортскиот коментатор на МРТ, Тони Стојановски.