Ремек-делото на Барди во конкуренција за гол на колото во Лигата на нациите (ВИДЕО)

Велемајсторскиот потег на капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, со кој го отвори патот кон победата од 2:0 над Ерменија синоќа во Скопје, е еден од четирите во конкуренција за гол на второто коло од Лигата на нациите во изборот на УЕФА.



На 18. погодок на Барди во 66. настап за националниот тим, кој е прв на листата, му конкурираат „ножичките“ на Јусуф Поулсен од Данска против Србија (2:0), како и еден од погодоците во хет-трикот на Бенјамин Шешко од Словенија против Казахстан (3:0) и „бомбата“ на Гиорги Кочорашвили од Грузија против Албанија (1:0) во Тирана.