Ребаланс на Буџетот во втората половина на јули, најави премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку се биде како што треба, во втората половина на јули ќе има ребаланс на државниот Буџетот.



Ако биде се како што треба, во втората половина на јули ќе има ребалансот во Парламентот и во првата половина на август ќе биде повикот до општините да алицираат со проектите. Според тоа што го разговарав со министерката за финансии, голема е можоста шест милијарди денари да бидат распределени кон општините за проекти кои се подготвени. Утре имаме состанок и ќе работиме на оваа проблематика, најави Мицкоски во првото интервју по изборот на новата Влада дадено за ТВ 24.

Мицкоски објасни дека со овие шест милијарди денари би можеле да се реализираат над 150 проекти.

– Тоа се проекти важни за граѓаните и се содржани во проектите на градоначалниците, а тие програми победија на избори во 2021 година и цениме дека треба да се поддржат. Станува збор за булевари, канализациски и водоводни системи, училишта…
Додаде дека во структурата на тој инвестициски фонд се Европската банка за обнова развој, Европската инвестициска банка, Меѓународната финансиска корпорација, како и структурни фондови од Германија и САД.
Во тој инвестициски фонд се Европската банка за обнова развој, Европската инвестициска банка, Меѓународната финансиска корпорација, има германски структурни фондови, има амерички структурни фондови, нешто што во овој дел на Европа не е видено, во Македонија ќе се случи ваков тип на инвестиција. Јас би сакал и понатаму да го продолжиме партнерството, па зошто да не обезбедиме финансиски средства за сами да го изградиме Чебрен, рече Мицкоски.