Европскиот првак и освојувачот на УЕФА Супер купот во Скопје имаше импресивно издание против најголемиот противник и тоа на неговиот стадион во првиот меч од шпанскиот Супер куп. 3-1 со голови на Меси од пенал во 77 минута за домаќините и автогол Пике 50, Роналдо 80 и Асенсио во 90 минута за гостите. Последните два гола на Реал Мадрид беа спектакуларни, а меѓу нив Роналдо беше исклучен.





