Реал Мадрид ја игра можеби и најслабата сезона во својата историја, а доказ за тоа е новиот стрес што си го приредија белите по домашниот пораз од Леганес од 1-2 и елиминацијата од Копа дел Реј и тоа во ситуација кога во реваншот од четврт-финалето влегоа со гостинска победа од 1-0. Вечерва на својот стадион „кралевите“ тргнаа со вториот состав по што соседот, тимот од предградието на Мадрид поведе во 31 минута преку Ерасо, а по изедначувањето од страна на Бензема (47 минута), преку Габриел во 55 минута дојде до сензационална победа која го води во полу-финалето од Купот на Шпанија.
https://youtu.be/aaVPh1Qr_t4




