„Блерим Беџети реагираше по информацијата дека на претходната пратеничка група на ДУИ ѝ се заканувале преку електронска адреса, поради албанскиот јазик. Беџети објави дека не се откажуваат од својата цел и оти не ги заплашува заканата.“ – пренесе ТВ 21. Инаку Блерим Беџети е организациски секретар на ДУИ, но и координатор на пратеничката група во Собранието на Република Македонија од „Европскиот фронт“, во која се опфатени и пратениците на ДУИ.
Преку објавата на својот фејсбук-профил Беџети им порача на оние, што ја испратиле односната содржина на мејлот до лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешната пратеничка група на ДУИ: „Ова е последната, но не прва закана, деновиве упатена до пратеничката група на Демократската унија за интеграција! Навистина ли мислите дека некого плашите со вакви закани? Да ви стане јасно… око не ни трепнува, а ниту нашата одлучност! Државните органи мора да си ја завршат работата, а ние нашата работа!“





