Рафална прослава: СДСМ води во бастионот на Албанците од 2001

По 16 години од тешките битки за Арачиново во конфликтот во 2001 година постои реална шанса една македонска партија да победи во оваа оптштина, и тоа уште во првиот круг.



Според првичните и неофицијални информации од оваа скопска општина која што е составена од селото Арачиново и уште некоку други поголеми села во водство е Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија и нивната кандидатка Миликие Халими.

Нешто по 20 часот од селото според очевидци се слуша рафално пукање кое според искуството значи прослава на некоја од политичките партии.