Трите меморандуми, што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, ќе бидат донесени во „соодветниот политички момент“ изјави денеска интервју за грчкиот весник „Реал њуз“, шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, пренесе МИА.



Тој поовтори дека ратификацијата зависи од „доследното и целосното спроведување на Договорот од Преспа“, бидејќи освен прашањето за уставното име, постојат и други суштински нерешени прашања“.

Како што вели „реалноста е дека сакаме да ги донесеме меморандумите за ратификација, бидејќи и ние во принцип се согласуваме со европскиот пат на с. Македонија.

Меѓутоа, ова не може да се случи, доколку не постои целосно и опипливо усогласување со Договорот од Преспа. Да не заборавиме дека имплементацијата на Договорот е јасен предуслов за интегративниот процес на с.Македонија, рече шефот на грчката дипломатија.

Тој изрази уверување дека „граѓаните на с. Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција и европската перспектива на земјата“, јави дописничката на МИА од Атина.