Полицијата утринава излезе со информации за пукањето во скопски Чаир во кое како [то јавија медиуми едно лице било повредено.



Полицијата синоќа во 21:50 добила пријава од ГОБ „СВ. Наум Охридски“.

„Во ГОБ Наум Охридски бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје“, информира МВР.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе медиуми синоќа објавија дека средба за помирување меѓу две семејства заврши со меѓусебна престрелка во скопски Чаир.

Како штo објави „Фокус“, повикувајќи се на извори во МВР, пријавата за пукањето пристигнала од граѓанин кој слушнал истрел на улицата „Дижонска“, а на лице место имало траги од крв.

Приведено е едно лице, додека ранетиот бил префрлен во операциона сала.

„Фокус“ јави дека ранетиот е син на сопственик на чајџилница во „Чаирчанка“, а напаѓачот е од скопски Сингелиќ.