Земјите од Западен Балкан се во многу подобра состојба отколку во 1990-те, а сега ЕУ е таа што има проблеми, вели албанскиот премиер Еди Рама.
„Тоа е како некакво „балканско“ проклетство!
Кога ЕУ беше во најдобра состојба, ни бевме во најлоша, изјави албанскиот премиер на конференцијата во организација на групата Пријатели на Европа во Брисел, алудирајќи на распаѓањето на Југославија во деведесетите пренесува порталот на „Еуроактив“.
Сега, како што додаде тој, „кога сме во најдобра состојба, ЕУ има проблеми“.
Тој оцени дека регионот конечно се свртел кон помирување и соработка, врз основа на стандардите и барањата на ЕУ како „водечка сила“.
Претстојното претседавање на Бугарија со Советот на ЕУ, а потоа Австрија, Романија, Хрватска и Германија, земји кои се јасно посветени на Балканот, се уште еден добар знак и можност која не смее да се пропушти.
„Балканот во целина и Албанија, сака да направи напредок, но ако перспективата на ЕУ згаснува или станува илузија, тогаш работите може да тргнат во обратна насока“, рече Еди Рама.





