Јуниорите загубија од Шпанија со 36-25 и паднаа на третото место во групата Ц во која за задржување на актуелната позиција која води во осминафиналето утре мора да го победиме Бразил. За мечот од четвртиот круг попладнево на Светското првенство во Алжир, мора да признаеме дека бевме надиграни во секој поглед, а движењето на резултатот само по себе говори дека немавме шанси против еден од кандидатите за златото на Светското првенство. 1-3, па 4-8 и 5-12, и разочарувачки 8-18 на крајот од првото полувреме. Во второто немавме сила за приближување, а од презрелите за оваа возраст Шпанци не ни беше дадена ни шанса за враќање. Така по поразот од Тунис во петокот наредивме уште еден, што со нерешениот исход на Тунис и Русија (29-29) и очекуваната победа на Бразил со Буркина Фасо, не става во ситуација на императив во средбата утре со кариоките. Таа се игра 19 часот, последна е во групата Ц и најверојатно директно ќе решава за последниот патник за елиминациите.



СВЕТСКО ПРВЕНСТВО-ЈУНИОРИ-ГРУПА Ц

Понеделник:

МАКЕДОНИЈА        19.00      БРАЗИЛ

ШПАНИЈА              15.00      ТУНИС

РУСИЈА                  17.00     БУРКИНА ФАСО

Табела:

ШПАНИЈА         8

ТУНИС             5

МАКЕДОНИЈА   4

РУСИЈА            3

БРАЗИЛ           2(-1)

БУРКИНА Ф.    0(-1)