На Светското младинско ракометно првенство во Алжир денеска се игра осминафиналето, а ние, по извонредната партија со Бразил во понделникот, сме дел од оваа рунда и тоа се сериозно добри шанси да минеме до четвртфиналето.
Во 21 часот и 45 минути, практично во последниот термин, црвено жолтите играат со домаќинот на собирот Алжир, што само по себе е тешка задача, но од друга страна квалитетот на противникот, неговот искуство и резултати на меѓународен план, и натпреварите што на овој мундијал ги одигравме ние со Русија и Бразил ни даваат надеж дека можеме до уште една победа на турнирот, по кој потоа би биле на чекор од медал.




