Најдобрите македонски ракометарки се поразени од Шведска со 38-26 на отворање на квалификациите за Европското првенство следната година. Дека во мечот во Лунд не ни се пишува ништо добро се виде рано зошто брзо губевме со 7, а на полувремето отидовме со негатива од 18-13. Потоа наместо таа разлика да продолжи да се намалува, порасна и во финишот ги достигна до конечните минус 12. Ова беше прва средба во овој циклус и искрено и не очекувавме многу зошто од истиот противник пред 3 месеци доживеавме вистинско фијаско.
Мечот на Шведска и Македонија од ракометните квалификации за женското Европско првенство заврши со 38-26, по што ние се вртиме кон следниот противник Србија која пред неделното гостување во Скопје ги победи Фарските острови со 36-20.




