Радио Лидер: Тошковски не ја отфрла можноста Груби да биде повикан во полиција

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски утрово на Радио Лидер соопшти низа детали во врска со инцидентите при прославата на Денот на албанското знаме.



Во целата ситуацијата повторно е актуелен Артан Груби кој вчера изјави дека полицијата ги провоцирала луѓето кои излегле на прослават. Коалицијата Вреди пак доставила докази дека инволвираните имаат вмешаност со Груби, а нивните фотографии се јавно достапни.

Министерот одговори за можниот обид за дестабилизација и целото однапред смислено сценарио, но и како полицијата се справува со апсење на оние кои ги прекршиле законите.

Тошковски во емисијата одговара на прашањето дали е можно апсење на Артан Груби кој вчера изјави дека полицијата ги провоцирала луѓето кои излегле на прославата на Денот на албанското знаме.

На директно прашање од новинарот Љупчо Златев до министерот Тошковски дали МВР по очигледната поврзаноста на Груби со овие луѓе кои палеа албанско знаме, дали ќе го повика во полиција како потенцијален организатор на настаните, министерот со краток одговор.

,,Не би сакал да откривам дополнителни информации од понатомошниот дел на истрагата”, рече министерот Тошковски но не ја отфрли можноста за апсење или санкционирање на Артан Груби, објавува Радио Лидер.

Министерот повика на разум и да не се разговруваат политичките страсти во државата.

,,Мораме да повикаме на разум, нормалност, вредност, власта треба да ги менаџира проблемите, а опозицијата да критикува. Откако ѝ објаснивме на јавноста дека нашата реакција била соодветна и дека намерата била да се судрат со полицијата очигледна била намерата дека се очекувани поголеми инциденти”, вели министерот.

На новинарско прашање за пукање со автоматски пушки Тошковски вели дека се слушнати на видеата рафални пукатноци, но сепак не се пронајдени докази за пукање со автоматско оружје.

Целата емисија