Патот на Србија кон ЕУ може да биде отворен само ако се почитуваат правата на Бугарите кои живеат таму, порача денеска бугарскиот претседател Румен Радев.
„Бугарија е главниот мотор на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, а основниот критериум со кој ќе дадеме поддршка е состојбата на нашите сонародници во секоја земја – условите за нивниот економски и социјален развој, а пред сѐ нивниот можност да го одбранат својот национален идентитет, јазик, култура, историска меморија“ рече Радев.
„Бугарите во Србија и не само во Србија, денес ги доживуваат најтешките искушенија, од кои зависи дали ќе застанеме на опскурантистичката идеологија која не одвои од татковината и ја протурка границата низ цркви, гробишта, дворови и најстрашно – низ душите на луѓето“, рече Иван Николов по доделувањето на орденот.
Бугарите во Србија живеат главно во две општини на југоситокот на државата – Босилеград и Димитровград.
Според последниот попис од 2022 во Србија има 13.000 Бугари. Тие претставуваа 0,2 отсто од вкупното население во Србија. Бројката на Бугарите во Србија постојано се намалува од 1950-те до денес.
Во 1953 имало 60.000 Бугари, а во 1991 – 26.700, пренесува Плусинфо.





