Раде Штекли бил цел на бомбашкиот напад во Ќерамидница

Експлозивна направа била фрлена денеска во скопска Ќерамидница врз домот на Раде Трајковски–Штекли.



Ова е трет напад кон Штекли по што бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а според информациите тој е надвор од животна опасност.

Минатата година тој беше мета на напад во трговскиот центар „Ист гејт“ каде и двата пати преживеа напад од огнено оружје, за што имаше и видео од пукањето кое стана вирално на социјалните мрежи.

Кон Штекли пукаа и од патничко возило „БМВ“ кое потоа беше запалено во Грчец.