Рускиот претседател им ги честиташе Новата година и Божиќ на сегашните лидери на само три европски земји, се наведува во објавата на веб-страницата на Кремљ, а пренесува info24.ru.
Поточно, српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан добија честитки од рускиот лидер.
На веб-страницата на Кремљ, го нема словачкиот премиер Роберт Фицо но, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за новинската агенција ТАСС изјави дека Путин „исто така му честитал“ на шефот на словачката влада.
Честитки од Путин примиле и претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг, лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, претседателот на Бразил Луис Инасио Лула да Силва, претседателот на Венецуела Николас Мадуро, индискиот премиер Нарендра Моди и други.






