Протестна нота на министерката за надворешни работи на Косово Грвала до РМ, бара „итно расчистување на инцидентот со Османи“

„Министерката за надворешни работи на Косово Доника Грвала соопшти дека упатила протестна нота до * Македонија, барајќи најбрзи и најцелосни појаснувања за инцидентот на скопскиот аеродром во врска со претседателката на Косово Вјоса Османи.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

„Алфакс“ пишува: Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Косово се наведува дека Османи се соочила со несоодветен и незаконски третман од обезбедувањето на скопскиот аеродром. „Министерката Грвала упати протестна нота до властите во * Македонија, барајќи итно и целосно расчистување на овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки, за да се истражи овој случај и да се погрижат ваквите настани да не се повторат во иднина.“ – напиша министерката на фејсбук.

Натаму во соопштението се наведува дека министерката за надворешни работи Доника Грвала вчера вечерта по инцидентот и денеска веднаш се сретнала со амбасадорот на * Македонија во Косово, „барајќи појаснување за случајот“.

„Исто така, денеска министерката Грвала во Министерството за надворешни работи оствари средба со вицепремиерот на * Македонија Арбен Фетаи, со кого разговараа за предметниот инцидент и потребата да се преземат брзи институционални активности. Во рамките на преземените активности министерката Грвала попладнево добила телефонски повик од нејзиниот колега, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, при што била изразена вознемиреноста на институциите на Косово по вчерашниот инцидент.“ – се истакнува во наведеното соопштение.