Антифашистички протест се одржа вечерва во организација на партии од левицата и анархисти, во исто време кога екстремно-десничарската „Златна зора“ одржуваше собир седиштето на партијата.

Толпата извикуваше слогани меѓу кои и оној дека “секој глас даден за ‘Златна зора’ е нож во рацете на нацистите“.

На друга страна, со слогани и националистички песни, стотици членови на „Златна зора“ одржаа собир во чест на одбележување на жртвите во грчки-турскиот спор на островот Имиа во 1992 година, но и за поддршка на грчка Македонија, јавија грчки медиуми.
Демонстрантите са обидоа да стигнат до канцелариите на „Златна зора“, но полицијата го спречи тоа, особено поради напнатата клима која преовладува во пресрет на утрешниот митинг што ќе се одржи од слоганот „за одбрана на Македонија“ на плоштадот Синтагма.





