Просечната нето плата по вработен во Македонија исплатена во декември 2024 година изнесуваше 43.587 денари и номинално е повисока за 9 проценти во однос на истиот месец една година претходно, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на секторите: административни и помошни услужни дејности (13,2 отсто), транспорт и складирање (12,3 отсто) и рударство и вадење на камен (12 отсто).
Реално, нето-платата е повисока за 8,8 проценти на годишно ниво, споредено со 5,1 отсто годината пред тоа.
Само во декември, реалната нето-плата во Македонија се зголеми за 4,4 отсто на годишно ниво и за 3,5 отсто на месечно споредбено ниво.






