Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено Безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој беше пријавен за исчезнат во понеделникот, вчера било пронајдено атарот на струшкото село Глобочица , потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според него, телото на К.М. било без траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа.
Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот е предадено на обдукција.
По него трагаше екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид и локално население.





