Израелската војска вчера соопшти дека војниците го пронашле телото на заложникот Рон Бенџамин од Појасот Газа, откако тој бил „убиен“ во напад на Хамас на 7 октомври,јави Би-Би-Си.
Бенџамин бил „убиен за време на масакрот на раскрсницата Мефалсим на 7 октомври, а неговото тело беше киднапирано во Газа од борците на Хамас“, се вели во одвоено соопштение на војската.
Илјадници млади луѓе се собраа на 6 и 7 октомври на музички хепенинг што се одржа во близина на Кибуц Реим, во близина на границата со Газа.
Припадници на Хамас преминаа од Газа и убија повеќе од 360 луѓе на фестивалот, соопштија израелските власти и грабнаа над стотина заложници.






