Атлетико Мадрид ја победи Малага со 1-0 (гол на Антоан Гризман) на отворањето на својот нов фудбалски дом Ванда Метрополитано за кој фудбалерите и навивачите велат дека е нешто специјално.
„Ова е најдобрата фудбалска арена на која сум играл, а тоа не го велам затоа што е наш нов дом“ вели најдобриот играч на тимот на Диего Симеоне, Антоан Гризман.
За поранешниот Градски мадридски или Олимписки стадион во Мадрид кој сега прима 68 илјади гледачи при изградбата (1994 година) беа вложени 45 милиони евра, а сега Атлетико за реконструкција потроши 240 милиони.
https://youtu.be/Kjsw8SuD33w
https://youtu.be/oyEyKQNg_0M




