И денеска времето ќе биде сончево и многу топло, до 38 степени, бнпо во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.



Во западните делови од земјата наместа ќе има подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 36-от степен.

Во текот на неделата, претежно во попладневните часови, ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и со град, најавуваат од УХМР.

Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура.