ТВ 21: Продолжува нејаснотијата со Даути! Препуштено ѝ е да одлучи што ќе прави по отповикот, но за ВМРО ДПМНЕ нема веќе легитимитет!

„Од Алијансата за Албанците на Зијадин Села нема став што ќе преземат во врска со интерпелацијата, отповикувањето на Илире Даути и дали ќе предложат нов кандидат за претседател на Комисијата за социјална политика. Оттаму велат дека очекуваат Илире Даути самата да одлучи што ќе прави натаму. Од ВМРО-ДПМНЕ опстојуваат на ставот дека Даути нема легитимитет да ја води Комисијата за социјална политика и очекуваат претседателот на Собранието Африм Гаши да побара Комисијата за прашања на изборите и именувањата да ја спроведе постапката за разрешување на Даути.“ – објави ТВ 21 во информацијата со наслов „Продолжува нејаснотијата со Илире Даути! Партијата ѝ препушти самата да одлучи што ќе прави по интерпелацијата“.



Телевизијата натаму истакнува: „За ова прашање сигурно ќе се изјасни самата пратеничката Илире Даути.“ – изјави Исен Шабани од АА на Села.

Илире Даути побара од претседателот на Собранието Африм Гаши, да свика седница, на која пратениците ќе гласаат за укинување на заклучокот за нејзиното отповикување. Таа посочи дека само на тој начин ќе продолжи да ја води Комисијата за социјална политика.

Од ВМРО-ДПМНЕ опстојуваат на ставот дека Даути нема легитимитет да ја води Комисијата за социјална политика и очекуваат Гаши да побара Комисијата за прашања на изборите и именувањата да ја спроведе постапката за разрешување на Даути.

Од СДСМ велат дека освен Даути, одговорен е и претседателот на Собранието Гаши, не само што не свика седница на Комисијата за социјална политика, туку и за неговата изјава дека интерпелацијата нема правно дејство. „Неможно е интерпелација да нема правни последици. Претседателот на Собранието Африм Гаши ја сноси целата одговорност зошто не свикува седница за Законот за бранителе, како и сега по усвојувањето на барањето да ѝ се изгласа недоверба на Илире Даути. Првиот парламентарец е одговорен да соопшти кои се следните чекори по изгласувањето на интерпелацијата на Даути.“ – изјави Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ.