Договорот за признавање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија како црква ќерка на Бугарската православна црква (БПЦ) пропаднал затоа што јавноста прерано дознала за писмото кое што МПЦ – ОА го испратила до Бугарската патријашија.
Според првичниот план јавноста во двете земји и во останатите цркви од православната екумена за договорот требало да дознае дури откако синнодот на БПЦ ќе донесел одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ – ОА но планот го нарушил член на синодот во Софија кој што го лиферувал писмото до бугарската национална телевизија која што го објави до специјална емисија за ова прашање.
Како што брифираат за expres.mk високи претставници на МПЦ – ОА кои што инсистираат на анонимност двете цркви требало и писмото и процесот на признавање да го држат во тајност се додека не биде завршена целата процедура што се очекувала да заврши до март идната година.
Според брифингот планот го уништил член на светиот синод на БПЦ кој што важи за владика со одлични контакти во Грција и кој што писмото го доставил до медиумите со цел да ги предупреди блокот грчки православни цркви предводени од Цариградскиот патријарх Вартоломеј дека може да дојде до тектонски поместувања во православието на релација СПЦ – МПЦ – БПЦ.
Еден од двајцата гости во емисијата „Вера и општество“ на бугарската национална телевизија каде што за прв пат е проговорено за писмото беше бугарскиот тајкун Милен Врабовски кој што е главен донатор на обидите на Бугарија да докаже дека во Албанија има бугарско малцинство на сметка на Македонците во оваа земја.
Врабовски во месец Мај во Скопје имаше средба со премиерот Заев која што не беше најавена од страна на владата ниту пак јавноста беше информирана што се разговарало на неа. На средбата бил присутен и европратеникот Андреј Ковачев кој во Европскиот парламент истурка резолуција за Бугарско малцинство во Албанија како и владиката Наум.
Токму владиката Наум и милионерот Врабевски сега се појавуваат како најгласки заговорници на идејата за признавање на МПЦ – ОА на БПЦ како мајка црква.





