Алфа ТВ ексклузивно дознава дека веќе се екипира македонскиот тим кој ќе работи заедно со бугарските колеги на чешлање и чистење на македонските учебници по историја.
Според информациите на телевизијата најверојатно членови на тимот ќе бидат неколку имиња на историчари од Институтот за национална историја чии имиња се многу малку познати за јавноста.
Станува збор за Драги Ѓоргиев директор на ИНИ, назначен најверојатно за претседател, како и Дарко Стојанов и Петар Тодоров.
За јавноста меѓу кандидатите познати имиња се историчарот Тодор Чепреганов, кој одбил да учествува во комисијата, тврди Алфа.
Меѓу кандидатите најзвучно е името на историчарот Ванчо Ѓорѓиев, професор и екс заменик за образование во времето на Љубчо Геиргиевски кој сеуште не дал одговор дали ќе биде дел од екипата.
Извори за Алфа велат дека уште неколку историчари се во игра, но за оние со поголемо искуство меѓу предложените целата стратегија за правење комсија е сомнителна, и не веруваат во крајната цел за нејзиното постоење.
Со други зборови, идејата е меѓу членовите да има неколку еминентни историчари кои би дале кредибилитет на комисијата за чистење на учебниците, заради тоа како што дознава Алфа дел од авторитетните историчари можно е да го одбијат учеството оти не сакаат да бидат дел од задкулисните планови на бугарско-македонскиот договор.





