Против 23-годишник осомничен Основното јавно обвинителство поведе постапка за тешка кражба на сеф во скопско Црниче.
Грабеж во Црниче: Им падна украдениот сеф, пша се враќаа да го земат
„Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари“, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Еден од четворицата со возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати на маркетотод каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, но при бегство сефот им паднал па се враќале да го земат.
„Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата работи на откривање на неговите соучесници“, велат од Обвинителството.
Украден Рептил кој е на 200 метра до МВР.
Спие Панче Тошковски, спие МВРО – ВМРО pic.twitter.com/mjf6IWZIPf
— Згрешен (@Zgreshen) April 2, 2024






