Притвор за шестемина пратеници

На шесте пратеници, на кои минатата недела им беше одземен имунитетот, денес им беше одредена мерка притвор од судија за претходна постапка поради настаните од 27 април во Собранието.



Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, добија мерка куќен притвор, додека на претениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Сашо Василевски им беше изречена мерка притвор.

Шестемина се дел од осомничените 36 лица кои се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од страна  на Основното јавно обвинителство.